Веќе со години ги носиме класичните „skinny jeans“ фармерки кои никогаш не разочаруваат и секогаш се ИН, но во последно време забележуваме владеење на модели на кои секако треба да им се даде можност.
Во 2018. година се случи интересен пресврт – „skinny jeans“ фармерките паднаа во втор план, а модните брендови се повеќе лансираат широки, опуштени модели. Во продолжение ви претставуваме 5 модели на фармерки кои се во мода оваа сезона.
„Mom“ џинс
Накратко кажано: „mom“ џинс се новите skinny џинс. Иззберете модел со висок струк, а кога станува збор за бјата – можете да ја изберете било која. „Mom“ фармерките се удобни и многу убаво и прилегаат на женската фигура.
Трапез
Ништо нема да ги направи вашите нозе да изгледаат поиздолжени од пар трапез фармерки со висок струк. Можете да ги носите и на рамни чевли и патики, но кога сакате да ги подигнете на поголемо модно ниво искомбинирајте ги со високи потпетици бидејќи на тој начин ќе видите колку ги издолжуваат нозете.
Фармерки со рамен крој
Изгледаат супер опуштено, а и многу се удобни. Можете и да ги завиткате ногавиците на нив, нешто што тренди девојките низ светот обожаваат да го прават. Овој модел е многу популарен помеѓу модната елита, а одлично е тоа што може да се носи и во кежуал и во елегантна варијанта.
Широки кратки ногавици
Висок струк и широки, пресечени ногавици е нов модел на фармерки кој многу бргу се најде во гардероберот на сите девојки. Особено во овие топли месеци кога е незамисливо да се вовлечеме во skinny jeans – широките ногавици се тотален хит.
Kick flare
Поигрувањето со силуетите и пропорциите генерално е една од најомилените нешта кои ни ги нуди модата. Kick-flare е вистински пример токму за тоа. Совршено одговара речиси на сите облици на женското тело и изгледаат добро во комбинација со се. За деловни пригоди можете да ги комбинирате со кошула и сандали на пета, а со обична маичка и патики се идеална опција за викенд излет во природа.