Категории

5 причини да го изговорите судбоносното „ДА“ во септември!

Септември е вистинскиот месец за вашиот голем ден, а еве и зошто!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Доколку постои еден месец кој се одвојува од останатите кога станува збор за организирање на свадба, тогаш тоа е септември. Иако пролетта, летото и зимата имаат свој „шарм“, есенските свадби нудат најмногу можности. Ова се некои од причините зошто треба да го изговорите судбоносното „ДА“ во септември.

1. Временските услови

Септември е одличен месец за свадба бидејќи деновите сѐ уште се долги, а температурата е пријатна за да се чувствувате одлично во текот на целиот ден. Доволно е топло за да не се грижите што да облечете, но не толку топло за да мора да менувате повеќе облеки за да изгледате свежо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Исто така, гостите не треба дополнително да носат палто, капути, а од друга страна да не можат да се опуштат поради летните горештини и сите проблеми кои доаѓаат со нив. Покрај тоа доколку се одлучите Хотелот Континентал да биде местото каде што ќе се одржува вашата свадба, имате можност да бирате помеѓу прекрасните градини и салите во внатрешноста на хотелот.

2. Може да експериментирате со изборот на венчаница

Поради пријатната клима во овој период од годината, воопшто нема ограничување во изборот на венчаница, а сите знаеме дека главниот акцент на секоја свадба се става токму околу изгледот на идната невеста.Без разлика дали ќе изберете фустан со долги ракави, или пак отворен летен фустан, едноставен крој или пак многу детали – сѐ ќе изгледа сосема соодветно и никако нема да изгледате премногу разголени или пак премногу облечени. Покрај тоа, на овој начин им правите услуга и на гостите, зголемувајќи го и нивниот избор на гардероба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


3. Шминката и фризурата остануваат совршени од почетокот до крајот на свадбата

Жешкото време предизвикува потење, а тоа значи често поправање на шминката и фризурата бидејќи сите знаеме колку и е важно на секоја невеста да изгледа совршено на својата свадба. Овој проблем никогаш нема да го имате доколку ја направите својата свадба во септември.

4. Совршени фотографии

Залезот на сонцето во овој период од годината е магичен, а прекрасните градини на Хотел Континентал нудат можност за совршени фотографии. Прекрасни декорации, соодветното осветлување, сѐ што е потребно да се прикаже љубовта и забавата при стапувањето во брак. Одберете една поинаква свадба и создадете фотографии кои ќе го доловуваат вашиот посебен ден на вистински начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


5. Одличен период за меден месец на некоја тропска дестинација

По завршувањето на свадбата и целата еуфорија околу неа, време е за романтично патување и славење на љубовта. Во почетокот на есенските месеци климата на егзотичните дестинации е совршена, па тоа претставува причина плус да го изберете септември за вашата свадба во Хотел Континентал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on

Резервирајте го вашиот ден од соништата во Хотел Континентал на телефоните: 02/ 3133 333, 072/ 217-739 и 071/ 243 749.