Категории

5 совети за ефикасен сон – разбудете се свежи и убави!

Секоја жена одбира да верува во магијата на разубавувањето додека спие, но и покрај тоа понекогаш се буди без нималку свежина и со темни кругови околу очите. За да не се случува тоа повеќе, ви откриваме 5 совети кои се клучни во ефикасниот сон.

 

Прилагодете ја негата на вашиот тип на кожа
За наутро да се разбудите свежи и вашата кожа да изгледа одморено и убаво, многу е важно што нанесувате на вашето лице вечерта пред да заспиете. Издвојте време за правилен третман кој опфаќа темелно чистење на шминката и нега со правилни креми и серуми.

Спијте во вистинска положба
Експертите велат дека најдобро е да се спие на грб со цел вашето лице да не е нагнетено перцницата, и во тој случај нема да се создаваа брчки на вашето лице.

Мирен сон
За ефикасна beauty рутина најважен е мирниот и здравсон што значи дека не треба да бидете изложени на плаво светло. Во спалната соба не треба да има место за ТВ, а телефонот и компјутерот мораат да бидат исклучени.

Доволно сон
За beauty сонот многу е важно да се наспиете квалитетно барем 8 часа, а посебно е вашно да легнувате на време, односно околу 11 и да се будите во 7. Не само што влијае на вашата убавина туку овој систем влијае и на вашата продуктивност.