Категории

6 трикови кои секоја тренди девојка треба да ги испроба оваа пролет

Комбинирање на повеќе стилови е тотално ин тренд последниот период, и не не’ изненадува што е така бидејќи овој микс од трендови знае да изгледа толку добро. Па додека не сте го преминале прагот на 30тите тогаш подгответе се за неколку авантури кога е во прашање комбинирањето различни стилови на облека. Забавата, креативноста и модата одат рака под рака.

elle_unlikelycouples-repetto-leggings1. Комбинирајте миди фустан со хеланки

Одберете нежен балерина миди фустан кој слободно паѓа од половината на долу, и комбинирајте го со пар класнични црни хеланки.. Сигурно оваа комбинација ќе ве врати малце во детството, но не се сомневајте во тоа бидејќи светските трендсетерки сеуште го „воспеваат“ овој тренд.

elle_unlikelycouples-track-jacket-cami

2. Комбинирајте спортски дуксер со краток коктел фустан со шлиц

Од спотската елеганција никогаш не е доста. Одберете плус величина спортски дуксер кој ќе биде во иста должина со краткиот коктел фустан, комбинацијата крунисајте ја со класични бели патики, така ќе го прикрие провокативниот шлиц на спортски начин.

elle_unlikelycouples-statement-earrings

3. Комбинација на златно-сребрен накит

Ако сте слушнале за она правило дека не смее да се меша златно со сребрено кога е во прашање накитот тогаш слободно заборавете на тоа, затоа што модните гуруа диктираат сосема спротивен тренд. Одберете обетки кои се комбинација од двете бои, или пак ставете слоеви на ланчиња во златна и сребрена боја.

1 2

Прегледи:
866
Објавено на:
27.03.2016