Категории

7 совети како да изгледате модерно и да се чувствувате удобно во бременоста

Изборот на соодветна облека во бременоста може да претставува вистински проблем. Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека секое парче облека треба да биде пред се удобно па потоа модерно. Не мора да го промените Вашиот основен стил само затоа што сте бремени.

При разните хормонални промени, одредени материјали не се подносливи особено во првото тримесечје. Направете мали ревизии на Вашиот стил, едноставни, колку да се приспособите  на промените на Вашето тело.

Следете ги овие 7 совети за да изгледате модерно, а притоа да уживате во текот на бременоста:

1. Во првите неколку месеци Вашето стомаче нема многу да се познава, можете со мали едноставни трикови да ги комбинирате Вашите омилени парчиња облека. Избегнувајте ги само оние кои имаат ластик директно под градите.

2. Вашето тело се менува на многу брз начин. Овозможете му да се чувствува пријатно со избор на меки, природни материјали како што се памук, лен, свила и волна. Избегнувајте синтетички материјали, тие имаат поголема веројатност да предизвикаат алергии.

3. Ќе се менува и бројот на облеката. Немојте да се чувствувате непријатно ако побарате дури и неколку поголеми броеви од вообичеаениот. Најголема модна грешка сепак е изборот на премал број, нели?

4. Посетете некоја специјализирана продавница за трудници. Купете комотен пар фармерки, хеланки,панталони или здолниште, кои ќе можете да ги комбинирате во текот на целата бременост. Изберете облека што не се стеснува околу стомакот и глуждовите кои се доста чувствителни овие месеци.

5. Позајмете неколку маици и кошули од партнерот. Носете ги малку раскопчани за секси или секојдневен стил.

6. Долната облека е најважна. Купете неколку труднички градници кои немаат жица за поддршка на градите и овозможуваат природен и удобен изглед. Ако имате големи гради, спијте со градник за да си обезбедите заштита на ткивото кое е особено кревко за време на бременоста.

7. Модните додатоци се добредојдени. Марами, очила, обетки…..Изборот е Ваш. Препуштете се на Вашата имагинација и блескајте со Вашиот труднички сјај. Бидете шик. Вашата удобност значи среќно бебе.