86 годишната Мили Тејлор-Морисон неодамна го склучи својот втор брак, а на нејзината свадба ја носеше оваа несекојдневна венчаница за која вели дека самата ја скроила. Невестата работела како модел повеќе од 50 години, а нејзиниот шарм останува несомнително приметлив и после толку години.
Нејзината внука Кадија ја фотографираше и ги прикачи нејзините слики на нејзиниот Фејсбук профил. За кратко време, сликите беа споделени и имаат повеќе од 100, 000 лајкови.
Штотуку наполни 86 години пред една недела, а нејзиниот сопруг ќе има 86 во декември. -вели Кадија. Баба ми беше во брак со дедо ми 41 година додека да почине. Таа повторно се заљуби дури по 25 години, а нашето семејство никогаш не било посреќно.
Еве само дел од фотографиите кои нема да ве остават рамнодушни!