Категории

2 годишно момче го спаси својот брат близнак откако фиокар падна на него (ВИДЕО)

Две годишниот Brock Shoff му должи многу на својот брат Bowdy, откако завршил под фиокар и бил спасен од својот брат близнак. 

Снимката од камерата за набљудување во нивниот дом во Орем, Јута, покажува како едно утро додека близнаците си играат во нивната соба, качувајќи се на фиокарот тој паѓа и едниот од нив завршува под него.

За среќа, после 2 минути неговиот брат успева да му помогне, а родителите велат дека ништо не слушнале, виделе дека нешто не е во ред кога станале од спиење и виделе дека фиокарот е паднал. Момчињата немале ни гребнатинка, но сепак родителите решиле да прегледаат што снимила камерата.

Тогаш виделе што навистина се случило, првично се двоумеле дали да ја објават оваа снимка, но велат дека иако очекувале негативна реакција од одредени луѓе, сепак тоа го направиле со намера да им ги отворат очите на луѓето за што се може да се случи. Иако, велат дека целиот дом им е направен безбеден за деца, сепак тие не го прицврстиле фиокарот за ѕид, а сметаат дека со ова видео ќе ја потикнат свеста кај многу родители.

Прегледи:
550
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
04.01.2017