Кожата е најголемиот човечки орган кој носи со себе голема улога-заштита на внатрешните органи. Па од тука е познато дека таа има потреба од негување. Она што често го забораваме, а можеби и не сме запознати со тоа, е дека и скалпот како дел од кожата има потреба од нега.
Според дерматологот Франческа Фуско, тајната се крие во шеќерот. Додајте лажичка шеќер во шампонот на дланката, непосредно пред да го нанесете на косата. Кристалите шеќер делуваат како пилинг и ќе помогнат во отстранување на мртвите клетки на скалпот.
„Додавањето на лажичка шеќер во шампонот нежно ќе го ексфолира скалпот, а шеќерот лесно ќе се раствори и исплакне, без да остане нешто на косата“ – вели докторката Франческа.
Таа тврди и дека длабинското чистење ќе му помогне на регенераторот подобро да навлезе во скалпот и коренот на влакното и да делува поефикасно. „Не само што ќе се ослободите од целата нечистотија, туку отстранувањето на мртвите клетки дозволува регенераторот да продре уште повеќе и да делува поефикасно. Па, истовремено добивате и подлабинско чистење и подобра хидратација“ – додава таа.
„Нашиот скалп е исто толку важен колку и нашата коса, а можеби и поважен. Запоставениот скалп може да го спречи растењето на нови влакна и да доведе до иритација“ – вели фризерот и стилист Хиро Мијоши и додава дека овој трик ќе го спречи честото мрсење во областа на корените и ќе придонесе за поздрава коса.