Додека во минатото шеширот се сметал за показател на социјалниот статус, денес тој е составен дел од секојдневниот стил и задожителен моден додаток за секоја сезона.
Тој одлично се вклопува во секаков вид на комбинации, од елегантни до casual или урбани изданија.
Кај дамите шеширот отсекогаш претставувал одраз на женственоста и отменоста, па затоа трендсетерките нагласуваат дека секоја дама треба да поседува барем еден модел на шешир во својата колекција, моделот не е битен се додека тој добро и стои..
Затоа добро запомнете, оваа топла сезона каде и да одите во никој случај не заборавајте да го понесете со вас!