Категории

Зошто детската игра на отворено е најдобрата опција за вашето дете

Играта може да биде одлично средство во процесот на учењето или во стекнувањето нови знаења и вештини.

Возрасните честопати забораваат колку таа е важна за здравиот развој на децата. Преку добра игра децата учат како да живеат самите или заедно со другите луѓе и развиваат чувство за тоа како функционира светот. Играта им дава можност да доживеат успех или непријатно чувство на сигурен и супортивен начин. Таа има чудесна моќ на излекување и го потикнува развојoт кај децата. Токму затоа, детската игра треба секојдневно да се стимулира.

Неуролошкиот систем на децата е природно дизајниран да бара сензорни стимулуси за да се развијат во здрави и силни личности. На пример, доколку детето почне да скока по мали камења тоа е затоа што детскиот мозок е веќе спремен за таков вид на активност.

Сензорната депривацијата им ја намалува можноста на децата да пораснат во отпорни и флексибилни личности. Децата имаат потреба да се качуваат, да трчаат, да талкаат низ шума, да собираат гранки, да скокаат во бари, па дури и да паднат во некои прилики, сето тоа придонесува да се развие здрав сензорен систем кој ќе е база за учење и достигнување животни цели.

 

При намалување на времето за игри во природа кај децата може да забележиме симултан раст на бројот на деца кои покажуваат сензорни дефицити. Ограниченото движење и ограниченото време за игри на отворено доведуваат до неразвиен вестибуларен систем, кој е одговорен за рамнотежа, односно имаат намалена свесност за своето тело и за просторт околу себе. Наставниците се почесто забележуваат дека децата стануваат понесмасни од изминатите години, паѓаат од своите столици, се удират еден во друг, внесуваат повеќе неконтролирана сила во игрите на училиште.

Ние се грижиме за нашите деца и затоа сакаме да ги заштитиме. Но, колку повеќе ги зашитуваме толку понесигурни стануваат. Кога возрасните почнуваат да кажуваат не за секоја физичка активност на децата, тогаш започнуваат проблемите во детскиот развој.

Постојат голем број на активности на отворено кои имаат терапевтско дејство врз психофизичкиот развој на децата.

Санкањето е одлична сензорна активност, особено ако се менуваат позициите на санката. На пример, ако децата одат надолу по ридот на нивните стомаци, одржување на главата и нозете во супермен позиција, ја подобрува рамнотежата и свесноста за телото со тек на времето.

Одење боси на нерамен терен им помага мускулите на зглобовите и на стапалата, а воедно го развива и рефлексот на стапалото кој превенира од одење на прсти. Движејки се боси низ природа децата стануваат свесни за средината околку себе.

Тркалање по рид помага да се обезбеди рамнотежа и длабок притисок на мускулите и лигментите подобрувајги го proprioceptive сетило. Ова сетило е значајно бидејки им помага на децата да регулираат колку сила ќе употребат во некои игри како боење со биоици без да ги скршат, штипкање на образ на бебе без многу голем притисок и слично.

Качување по дрво е активност за зајакнување на цеото тело и за координација. Децата за да се качат на дрво потребно е да ги употребат своите вештини за решавање приблеми и снаоѓање во нови ситуации за да се осигураат во безбедноста на гранките. Исто така допирот со дрво нуди природно тактилно искуство.

 

Играта на отворено е природно и прекрасно сензорно искуство за децата. Но повремени екскурзии во природа не се доволни за развој на здрав сензорен систем исто како што и повремената физичка активност не доведува до видливи резултати. Децата треба да се движат и да играат често и континуирано чувствувајки ја подршката од возрасните.

 

Зорица Николова
(Авторката е дел од детската академија Бреинобреин Европа со франшизен центар во Скопје)
Бреинобреин Европа
www.brainobrain.com.mk
Прегледи:
1022
Објавено на:
19.04.2017