Категории

Дознај повеќе и приклучи се на новата платформа за бесплатни лекции за IT, маркетинг, дизајн и бизнис

 

Стигни до твојата кариера од соништата, стекни се со нови знаења и напредувај на професионално поле без ниту еден потрошен денар.

Да, на тој начин сакаме да ја претставиме новата платформа на Brainster, која ја изработија учесниците од Академијата за маркетинг. Покрај тоа што учат како да станат успешни маркетери, тие работат и на реални проекти, кои ги креираат за вас.

Еден од нив е и иновативната алатка за учење Brainster лекции, која е наменета за сите кои сакаат професионално да се надградуваат и се жедни за нови знаења. Со брза регистрација одбери една од категориите дизајн, маркетинг, кодирање и бизнис и добиј 5 бесплатни лекции директно во твоето електронско сандаче.

Лекциите се напишани од врвни македонски експерти кои се најуспешните професионалци во својата област. Регистрирај се ако сакаш да добиеш совети од Нина Ангеловска ко-основачот на Grouper.mk, да го споделиш знаењето на Дарко Булдиоски, основачот на New Media Mk, да дознаеш нешто повеќе за дизајн од Јане Димески, lead дизајнер во Hyper Arrow или сакаш да научиш од Петар Ниновски, CEO и основач на Brainster.co.

Платформата Brainster лекции е за сите кои сакаат да научат нешто ново, за амбициозните студенти, за самоуките фриленсери, но и за оние кои се скоро подготвени да влетаат во нивната кариера од соништата. Лекциите му овозможуват на секој еден да продре подлабоко од сето она што може да се најде на интернет порталите и самиот да открие дали е тоа токму она за кое што тој би работел.

Не заостанувај! Придружи им се на 9000+ Brainster – и, регистрирај се и добиј пристап до нашите бесплатни ресурси за маркетинг, дизајн, кодирање и бизнис.

 

 

Прегледи:
484
Објавено на:
26.04.2017