Њујорк синоќа беше домаќин на 71-вото издание на престижните награди во чест на најголемите театарски театарски остварувања – Tony Awards. Црвениот тепих беше претворен во раскошна парада на гламурозни изгледи на познатите ѕвезди од сите сфери на шоу бизнисот.
Најголем број награди припаднаа на “Dear Evan Hansen” кој беше прогласен за Најдобар мјузикл, додека за Најдобра театарска претстава беше избрана политичката драма “Oslo”.
Наградата за најдобар актер припадна во рацете на Кевин Клајн како Најдобар актер во главна улога за неговото достигнување во претставата “Present Laughter”, додека со наградата за Најдобра женска улога во претстава се закити Лори Меткалф за “A Doll’s House, Part 2”.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на свеченоста..