Со доаѓањето на летото на секоја трудница и се потребни удобни парчиња облека во кои ќе се чувствува лесно, а притоа ќе го задржи стилот и ќе изгледа убаво.
Лелеавите фустани со цветни дезени, тесните пругасти здолништа, широките кошули, тексас комбинезоните, шарените наметки, како и широките ленени панталони се вистинскиот избор за ова лето.
Во комбинација со вистинските модни додатоци, како и чанти во различни големини и форми, сандали или пак удобни еспадрили во сите бои кои ја освежуваат модната комбинација, неизбежен е изгледот на модерна трудница која ужива во својата бременост.