Категории

Есенската кампања на Stella McCartney во борба за заштита на животната средина

Дизанерката Stella McCartney одлучи својата рекламна кампања за сезоната есен/зима 2017 да ја сними во Шкотска, и како голем поддржувач во борбата за заштита на животната средина и еко кампањите таа избра локална депонија како место кадеќе биде снимана колекцијата.

 

“Идеата која ја имавме беше да претставиме што сакаме да бидеме и како да се грижиме за себеси, нашиот став и патот по кој чекориме. Нашето опкружување кое човекот го изградил е сосема поинакво од другите планети па затоа постои и голема количина на отпад” изјави Стела.

Во колекцијата таа претстави голем број на парчиња во masculline стил како oversized одела и ретро фустани а дел од неа е и лимитираното издание на колекцијата патики кои таа ги креира во соработка со Адидас – Adidas Parley Ultra Boost.

Прегледи:
329
Објавено на:
24.07.2017