Категории

100 уметници го насликале ова училиште пред да биде реновирано

Три недели биле потребни за 100 уметници по своја волја да го насликаат целосно училиштето во Париз пред да биде реновирано.  

Како дел од фестивалот Rehab 2 festival, графити артистите биле поканети да го насликаат ентериерот на  Cité Internationale Universitaire во Париз. Потоа просторот бил отворен за јавноста во текот на еден месец, пред да започнат со процесот на реновирање, кои ќе ги избрише овие дела.

Не е невообичаено за графити артистите да ги искористат напуштените простории, но одлична е идејата на фестивалот што ги собира на едно место, а тоа може да го видат и голем број на посетители.

Иако овие дела имале краток рок на траење, сепак ќе живеат вечно бидејќи биле документирани од  Jonk Photography и дел ги гледаме во прилог.

  

Прегледи:
663
Објавено на:
16.09.2017