Категории

Најголемото семејство во Британија само што го доби своето 20-то дете

 

Арчи е 20-тиот син на Су и Ноел Радфорд, а тие се најгоемото семејство во Британија.

 

42 годишната Су, штотуку се породи и на свет донесе здраво машко дете, а Арчи е нивниот 11-ти син.

Семејството од Lancashire вели дека ова ќе биде нивното последно дете, среќни се што се многубројни, но доволно е да се застане на бројката од 20 деца.

На почетокот на годината, во јавноста објавија фотографија со која го најавуваат пристигнувањето на 20-то дете.

Парот од Morecambe, Lancashire, се запознале кога Су имала 7 години. Го добиле првото дете Крис, пред 28 години, кога Су имала само 14 години, но иако биле млади одлучиле да го задржат и да не го дадат на посвојување. Се вселиле заедно, а некоја година подоцна кога Су имала 17 години, го добиле второто дете, Софи. Потоа следеле другите 18 деца, за сега да ја заокружат бројката 20.

 

 

Прегледи:
542
Објавено на:
21.09.2017