Речиси сите луѓе сакаат да имаат миленик, дали станува збор за куче или маче, риби или зајак, змија или желка…сите животни имаат посебно место во срцата на луѓето.
Но, за жал една раса на кучиња ја има етикетата за агресивни и лоши кучиња, но тоа не е баш така. Пит булите иако имаат страшен надворешен изглед, тие знаат да сакаат и да бидат најверен пријател исто како и другите раси на кучиња.
Многу луѓе започнаа гласно да говорат за да се сменат стереотипите кои ги следат овие кучиња, а фотографката Sophie Gamand е една од најактивните на ова поле.
Таа уште од 2014 година говори за тоа колку се овие животни мили и лесни за чување. Таа нивната нежна страна се обидува да ја истакне преку уникатни фотографии, каде слатките пит були позираат со круни направени од цвеќиња. Таа истакнувајќи го карактерот на секое куче на посебен начин, успева на публиката да и престави поинаква слика за нив, а тие несомнено го освојуваат срцето.