Дали некогаш сте се запрашале како изгледа денот на еден познат атлетичар? Повеќе од јасно е дека и тие, како луѓе на кои професионалноста им е на врвно ниво, имаат навики кои успешно им помагаат во тоа да бидат успешни во својата кариера.
Прочитајте како Haile Gebrselassie ги инкорпорира неговите лекции и вежби од времето кога бил атлетичар во неговиот нов живот како бизнисмен.
Трчајте!
„Станувам рано, околу 5 часот наутро. Првата работа која што ја правам е трчањето пред да појадувам. Тоа го правев кога бев атлетичар со натпреварувачки дух и се уште го правам истото и во мојот нов живот. Моите родители беа фармери и тоа ме научи да бидам вреден и да станувам рано. Кога се враќам од трчање, појадувам со моето семејство и продолжувам со работа. Се чувствувам одлично во својата кожа кога ќе завршам со трчањето и тоа ми дава тони енергија. Најубав почеток на денот!“
Заинтересирајте се за другите култури и научете од нив
„Поради мојата професионална кариера како маратонец, имав можност да патувам околу светот и да се запознаам со повеќе култури и навики кои навистина ги проширија моите погледи. Научив многу гледајќи ги начините на работа на другите луѓе и ги искористив најдоборите идеи со кои се соочив додека патував во мојата кариера.“
Работете со најдобрите и работете како тим
„Да бидеш најдобриот маратонец во светот не е само во тоа да имаш талент туку тоа зависи и од сознанието со кого работиш. Трчањето е тимски спорт и јас не би можел да направам ништо без мојот тим. Имав можност да ги соберам најдобрите луѓе околу мене кои беа добри за мене (менаџерите, медицинската поддршка, спонзорите), не затоа што беа фини со мене, туку затоа што ми го кажуваа она што треба да го слушнам, а не она што јас сакам. Тие беа паметни и добри во она што го правеа. Не бев исплашен од помислата да ги слушам и да работам со нив.
Истото ова, ми помага и сега во мојот бизнис живот. Не можам се да направам сам. Морам да им верувам на луѓето и да ги имам околу мене затоа што можеби се попаметни од мене или можат да ми помогнат да гледам на работите поразлично. Не е секогаш лесно, но на крајот ја имаме истата цел: златен медал.“
Не бидете исплашени да направите чекор
„Бизнисот ми создаде главоболка. Посакувам да бев врвна атлета. Животот тогаш беше полесен! Без болка, нема напредок; без верба во себе, нема успех; нема определба; нема крајна цел. Тука нема абракадабра.
Сега, за жал, деловниот живот е многу покомплициран од тоа. Но без овие едноставни лекции кои ги научив како атлетичар, немаше да бидам успешен во мојот нов живот.
Еден пример од тоа што го научив е дека не треба да се плашам да преземам ризици. Како атлетичар, понекогаш мораш да ризикуваш пробувајќи нешто ново без да знаеш дали ќе заврши со освојување на златото. Друго нешто кое го научив е брзо да донесувам одлуки. Во трките, морав да направам брзи тактички одлуки. Истото е и со бизнисот. Соочете се со болката, верувајте во себе, работете напорно. Одете кон целта!“
Одмарајте… и трчајте (или можеби веќе го кажав тоа?..)
„Работете напорно (јас работев неверојатно напорно). Но исто така, секогаш имајте на ум: одморајте доволно. Со трчањето научив дека се станува посилен со тренингот, одморањето и опоравувањето ( и здравата исхрана). Тоа е акт во кој има баланс: истегнете се, но со размислување. Вашиот ум им потреба од двете: потење и релаксација. Тоа ме носи до навиката број еден: Трчајте!