Категории

Афропанкот како модна инспирација (ФОТО)

Минатиот викенд во Париз се одржа Афропанк фестивалот кој го собра шаренилото на „направи сам“ креативците, помалку познати брендови и дизајнери, но и одличните модни комбинации.

Шарените африкански етно мотиви и бунтовноста која ја содржи панкот произведоа фузија од раскошни бои и неочекувани елементи. Овде можеше да се види се, од традиционални африкански принтови, макси здолништа и „oversized“ џинс, преку разнобојни украси од цвеќе до сјајни диско мотиви. Ова афропанкерско музичко и модно дружење најдобро ќе го доживеете преку фотографиите кои следат.