Категории

Оваа секси водителка на временска прогноза ја посакуваат 6 милиони мажи, а тој ја откачил поради видео игра (ВИДЕО)

Професионалниот гејмер Даглас Мартин (23) раскинал со преубавата девојка Џенет Гарсија за да има повеќе слободно време да ја игра играта „Call of Duty“.

I love you guys ❤

A post shared by Yanet Garcia 🇲🇽 (@iamyanetgarcia) on


Тој објавил видео на кое објаснува зошто неговата врска не можела да опстане, а се поради играта и неговата желба да биде најдобар. Мартин и Џенет биле во врска три години, но тој повеќе немал доволно време за неа, а неговото признание го шокирало цел свет, а видеото кое го споделил прегледано е повеќе од 77.000 пати.

🔥🇲🇽

A post shared by Yanet Garcia 🇲🇽 (@iamyanetgarcia) on


„Џенет и јас не сме повеќе заедно. Таа е прекрасна девојка и заслужува се најдобро. Преубава е, паметна е, беше одлична девојка. Знам дека звучи чудно се ова што го кажувам, но морав да го направам тоа“, вака ја започнал својата исповест.

Раскажал дека пред три години отишол во Мексико Сити за да ја запознае, а по една година се преселиле во Њујорк. Се почнало да се менува кога Џенет се вратила во Мексико Сити за да продолжи со актерството и моделингот. Таа се вратила на ТВ каде што работела како водителка на временска прогноза.

Меѓутоа, тој не можел да престане да игра игри и 24 часа играл „Call of Duty“ и кога се преселила не се ни сомневал дека толку ќе биде толку тешко да се одржи врската на далечина.

„Сакам да освојам прстен, сакам да го освојам светското првенство, она што го посакувам во овој момент е да ја завршам „Call of Duty“, бидејќи тоа го сакам најмногу. Ќе направам се за да станам шампион“, објаснил и помеѓу убавицата и играта ја избрал играта.


„Денот трае 24 часа и едноставно немав доволно време за неа. Сега имам обврски“, изјавил Мартин. И Џенет, која на Инстаграм ја следат ,5 милиони луѓе, објавила дека раскинала со своето момче со емотикон скршено срце.

VAMOS MÉXICO!!!! #vamoscontodo @televisa_deportes

A post shared by Yanet Garcia 🇲🇽 (@iamyanetgarcia) on