Категории

Во Фонтаната Треви дневно се фрлаат околу 3.000 евра. Еве каде завршуваат тие пари!

Фонтаната Треви во Рим има долга традиција – доколку стоите свртени со грб кон неа и преку левото рамо фрлите паричка, загарантирано ќе се вратите во Рим…

Секој ден италијанската католичка хуманитарна организација Каритас по еден час ја „чисти“ фонтаната и парите ги дели на загрозените, а дневно се собираат околу 3.000 евра. Благодарение на овие пари, во 2008. година отворен е и супермаркет со ниски цени за сиромашните.

Додека Фонтаната Треви мораат да ја чистат секојдневно, на други славни фонтани, парите ги собираат на неколку месеци. Во езерото на хотелот и казиното „The Bellagio“ во Лас Вегас годишно завршуваат околу 12.000 долари, а за тоа има посебен систем на чистење – голема правосмукалка која отстранува се од неговото дно.

Исто така, и во трговскиот центар во Минесота постои обичај да се фрлаат во фонтаната пари, па поради тоа таму завршуваат околу 2.000 долари месечно, кои исто така се подаруваат во добротворни цели.

Прегледи:
632
Објавено на:
21.08.2018