Категории

Прифати го предизвикот: Уште 4 денови нѐ делат од големиот фитнес настан!

На 29. септември со почеток во 17 часот, на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Crossfit Skopje организира фитнес предизвик.

Секој љубител на спортот и физчката активност, кој сака да ја провери својата кондиција и вештина, сега има можност да го направи тоа преку забавно дружење со тимот на Crossfit Skopje .

Овој фитнес предизвик ќе биде поделен на неколку етапи, почнувајќи од 17 часот, а ќе трае до 22:30 часот.

  • 17:00 – 17:50 Пробај Crossfit
  • 18:00 – 19:30 CFSK Challenge WOD 1
  • 19:45- 20:45 Crossfit час на отворено
  • 21:00 – 22:00 CFSK Challenge WOD 2
  • 22:15 – 22:30 Прогласување на победници и доделување на награди

Пробај Crossfit

Сите присутни ќе можат да се пријават директно кај било кој од организаторите на CFSK Challenge, а на тој начин ќе им дадете шанса на професионалците од Crossfit Skopje да ве уверат дека оваа дисциплина е буквално за сите, без разлика на полот, возраста и физичкиот капациет.

CFSK Challenge WOD

За да можете да бидете дел од овој предизвик потребно е познавање на сите основни движења и најмалку едногодишно искуство во тренирањето Crossfit. Со помош на две вежби ќе се измери фитнесот на пријавените натпреварувачи. Следуваат и награди за победниците.

Crossfit час на отворено

За разлика од „пробај Crossfit“, за овој предизвик треба основно познавање на движењата. Crossfit тимот ќе одржи редовен час на отворено и сите заинтересирани ќе имаат можност да почувствуваат и да се уверат во придобивките од вежбањето под малку поинакви услови.