Категории

Мисли од најпознатиот супермодел на сите времиња Наоми Кемпбел

Наоми Кемпел во светот на модата претставува симбол за супермодел. Низ нејзината долгогодишна кариера, таа беше муза на најпознатите имиња од најголемите модни куќи, носејќи ги најпопуларните брендови.

Препознатлива по своето грациозно движење на модната писта, таа несомнено одбележа една ера во светската мода заедно со уште неколку светски супермодели меѓу кои Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Кристи Тарлингтон, Кејт Мос. Ова се некои од нејзините изјави.

1. Заработувам многу и го заслужувам секој цент.

2. Ја работам мојата работа добро веќе 17 години. Луѓето мора да гледаат нешто во мене. Инаку, одамна немаше да постојам во светот на модата.

3. Видете, мора да правите грешки. Така учите и така функционира светот.

4. Дали наредувам? Апсолутно. Не сакам да губам, и доколку ми кажат ‘не’, наоѓам начин да го добијам моето ‘да’. Но, јас сум лојална личност.

5. Го живеам својот живот ден по ден и така успевам да преживеам.

6. Она што ја дефинира личноста е способноста да се погледнете себеси и да се соочите со својот живот.

7. Ќе ја замолев мајка ми да ми покаже како да се движам – и таа ќе ми покажеше. Затоа сметам дека е многу смешно кога луѓето велат „Дали ‘тој и тој’ те научи така да се движиш на пистата? А јас секогаш одговарам, „Мора да зборувате за мајка ми, бидејќи таа ме научи вака да се движам“.

8. Не се грижам за бројките. За мене стареењето е во ред.