Категории

Кога е време да дадете отказ?

Многу е тешко да се напушти работното место од повеќе причини: редовни парични придобивки, позната околина, рутина и слично. Но понекогаш ви е токму тоа потребно. Но кога е време да дадете отказ и побарате ново работно место?

Подобра понуда

Доколку имате подобра понуда, како повисока плата, позиција, постојано вработување, можеби е време да ја промените работната средина. Секоја промена на работа е предизвик кој ќе бара и период на адаптација. Запрашајте се дали вреди да ја промените работната позиција поради подобрата понуда.

Надоградба на вашите вештини и знаења

Доколку на вашата работна позиција немате можност да напредувате и да ги надоградите вашите вештини и знаења, обидете се да пронајдете работно место на кое вашите желби ќе се остварат. Секако, не треба да очекувате дека веднаш ќе научите нови работи и ќе станете експерт во вашата професија, имајте трпение и посветете им се на вашите лични предиспозиции.

Работа во лоша средина

Колку што се важни финансиските придобивки, толку е важна и  околината во која ги поминувате своите 8 работни часови. Доколку немате добра комуникација со вашите надредени или вашите колеги и постојано сте под стрес време е да ја напуштите оваа работна средина.

Нестабилна позиција

Доколку вашата работна позиција е нестабилна, платите се нередовни, а фирмата е на ивица на егзистенција треба веднаш да го промените работното место. Не дозволувајте вашите претпоставени да ви наметнат чувство на вина.

Сакате да се посветите на себе

Без разлика дали вашата причина за отказ е основањето на семејство, патување околу светот или потреба за пауза, ве уверуваме дека никој нема да ви замери.

Изгубивте мотивација

Немате мотивација да работите и едвај чекате да дојде крајот на работното време? Повеќе не се вложувате максимално на работата? Ова значи дека е време за промена.

Слушајте ја својата интуиција

Доколку длабоко во себе чувствувате дека е време да ја промените работната средина ви советуваме да им верувате на сопствените инстикти.

Прегледи:
481
Објавено на:
14.11.2018