54- годишниот актер Расел Кроу го паметиме како славниот „Гладијатор“, но факт е дека тој филм е снимен сега веќе далечната 2000. година, а за 18 години многу промени настанале.
И славниот Расел прилично се променил од ерата на Гладијаторите, а за потребите на новата улога потполно се трансформирал во полничок ќелав постар човек. Иако во последно време качил некој килограм и во приватниот живот, за оваа улога под облеката носи посебно кроено одело кое дополнително го здебелува.
Кроу во оваа улога ќе го глуми основачот на Фокс Њуз Роџер Аилес, кој настојува да го прикаже колку што е можно поавтентично.