Една од најчестите причини зошто луѓето јадат органски производи е зошто сакаат да ги избегнат штетните хемикалии кои се користат во масовното производство.
Пестицидите се поврзани со бројни здравствени проблеми, а многу од нив се карактеризираат како канцерогени. Со цел да им помогнат на потрошувачите да изберат најдобра храна, група за заштита на животната средина во САД објави список на производи кои најчесто се третираат со пестициди.
Листата е составена од податоци добиени од американското Министерство за земјоделство.
Според оваа листа најмногу пестициди содржат јагоди на кои, по миењето, остануваат околу 20 пестициди, далеку повеќе од другите производи.
На второто место се наоѓа спанаќ, потоа следат нектарини, јаболко, грозје, кајсии, цреши, круши, домати, целер, компир и пиперки.