Шпанската храна е позната по вкусните и достапни намирници и едноставната подготовка. Едно од традиционалните јадења е тортиљата од компир.
Состојки:
- 4 средни компири
- 1 поголема главица кромид
- 4 јајца
- маслиново масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Излупете ги компирите и исечкајте ги на тенки коцки, а кромидот на тенки линии.
- Во тавче згрејте маслиново масло доволно да го покрие целото дно и додадете кромид и компир, па сето тоа заедно измешајте го додека компирот не се запече, а кромидот не потемни.
- Јајцата искршете ги во поголем сад и изматете ги за кајгана, додадете компир и кромид (процедете го вишокот масло во шолја) и сѐ заедно измешајте.
- Повторно загрејте го тавчето и додадете го маслото во кое се пржеле компирите, кога ќе се загрее, ставете ја мешавината од компири, кромид и јајца.
- Оставете го тавчето на помала температура, без мешање за да се запече дното.
- Тавчето прекријте го со чинија, па свртете го за тортиљата да остане на чинијата, па вратете ја во тавчето за да се запече и другата страна.
- Кога ќе се запече и другата страна, тортиљата е готова.
- Повторно поклопете го тавчете со чинија и свртете го за тортиљата да остане како торта.
- Исечете ја како торта и послужете.