Насилството и агресијата се најгруба форма на искажување немоќ, а секој од нас бил сведок или жртва на таков чин.
Насилството никогаш не е оправдано без разлика во каква ситуација и да се најдете, секогаш постои друг начин да го решите проблемот. Кај нас насилството особено врз жената е сѐ поприсутно, а за таа цел, во склоп на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден.
„Жената е ќерка, мајка, сопруга. Столб на семејството. Речиси некршлива потпора. Молчењето на било какво насилство, вербално, психичко или физичко, не ја прави жената посилна, исто онака како што и насилството не е мерка за машкост. Вистинската сила е во тоа да се каже стоп за насилството врз жената, без разлика на полот“ – е пораката на крајот од видеото.