Категории

3 грешки поради кои вашите веѓи изгледаат лошо

Секоја жена сонува за совршени веѓи, со идеална густина и боја, но сепак тоа е тешко да се постигне. Затоа повеќето дами претеруваат со кубењето на влакната. Кога еднаш ќе го постигнете обликот кој го посакувате, не го менувајте.

Важно е вашите веѓи да го задржат природниот облик бидејќи тој ја прати линијата на вашето лице и да не ставате премногу креон на нив бидејќи така ќе изгледаат вештачки. Овие 3 нешта не смеете да им ги правите на веѓите:

1. Претерано кубење

Откако ќе го добиете посакуваниот облик на веѓите не смеете да ги кубете, што значи дека единствени влакна кои мора да ги кубете се оние околу вашите веѓи, односно оние кои не се вклопуваат на посакуваниот изглед.

2. Игнорирање на природниот изглед

Секоја жена сонува за веѓи кои се завршуваат високо над капакот, какви што имаат само ретки среќници. Токму поради тоа многу жени се одлучуваат за кубење на завршетоците на веѓите и надополнување со моливче.
Тоа е голема грешка која никако не може да изгледа природно. Природното фрастење на влакненцата го следи вашето лице и затоа не смеете да го пореметите. Тој може убаво да се обликува и да се прилагоди на вашите желби, но никако не треба да го промените во потполност.

3. Претерано исцртување со моливче

Моливчето за веѓи е идеално козметичко помагало за потполнување на празнините во веѓите или за нијансирање на влакната за да се постигне нагласен ефект.

Исто така, моливчето не служи за исцртување на влакната ниту за исправување на обликот на веѓите. Освен што оваа техника е погрешна и не делува природно, постои опасност од размачкување на моливчето.

Прегледи:
487
Објавено на:
14.12.2018