На свои четири години се појавила на ревија за Жан Пол Готје, а на десет години беше најмладата манекенка на сите времиња која се појавила во Вог.
View this post on Instagram
Се прослави во 2007. година како шест годишно девојче кога и ја дадоа титулата за „најубаво девојче на светот“. Единаесет години подоцна Тилан Блондо повторно е прогласена за најубава девојка на светот, овој пат на изборот на TC Candler за 2018. година.
View this post on Instagram
Изборот на најубави жени според TC Candler започнал во 1990. година, а тврдат дека тоа е „најразновидниот избор на убавици“. Нивното видео со листата на најубави жени има речиси два милиони прегледи за само два денови.
View this post on Instagram
Втората најубава девојка е тајванската актерка Чоу Чу-ју, трета е израелската манекенка Јаел Шелби, а четврта Лиза Соберано.