Погачата за Бадник го симболизира Господ Исус Христос („Јас бев леб жив, кој се симнува од небото; кој ќе јаде од овој леб, ќе живее засекогаш; и лебот кој ќе го даде за живот во светот“ – Јован 6,51).
Еве рецепт за најмеката и највкусна погача за Бадник:
Состојки:
- 1 килограм брашно
- околу 500 мл млака вода
- 1 лажичка сол
- 1 кисичка прашок за пециво
Украси:
- 150 грама брашно
- 3 лажички сол
- по потреба млака вода
Подготовка:
- Замесете го тестото, месете околу 5 минути и по потреба додадете уште малку брашно.
- Во тестото задолжително ставете ја паричката.
- Оставете го 15 минути и за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.
- Потоа, ставете го во тепсијата со масло и со рацете обликувајте погача и печете 40-45 минути.
- Украсите за погачата направете ги од цврсто тесто направени од брашно, сол и вода.
- Најчести украси се плетенки, гулаби, ружи, жито.