Студентот на архитектура, реши да претвори стар автобус во удобен и модерен дом. Тој бил изморен да ги гледа нереализираните архитектонски проекти и за тоа решил да ги земе работите во свои раце.
По тригодишни студии не му останало ништо друго освен да си купи стар автобус и да го претвори во луксузен дом со помош на својот брат и најдобар пријател. Така по 14 недели работа автобусот се претворил во нешто повеќе од подвижен караван, во кој може да се живее.
Возилото може да собере вкупно 12 лица. Располага со кујна, купатило и две транспарентни стакла на покривот, кои обезбедуваат убав поглед на ѕвездите во текот на ноќта.
Мебелот е модуларен, што значи дека може да се пресели и чува на друго место. Големиот двоен кревет може да се претвори во зона за седење или за вечера, а во поголемиот дел од мебелот има и простор каде што можете да ги соберете вашите лични предмети. Кујната располага со мијалник, фрижидер и печка, кои работат на гас. Малата подвижна бања се наоѓа на најназадниот дел на автобусот.