Категории

Доделување на Оскарите: „Зелена книга“ прогласен за најдобар филм, а еве кои се останатите добитници!

Оскарот за најдонбар филм оваа година му припадна на остварувањето „Зелена книга“, а мексиканскиот режисер на филмот „Рома“, Алфонсо Куарон, дома однесе дури три познатели статуетки. Оливија Колман од филмот „Миленици“ е најдобра актерка, а во машка категорија тоа признание му припадна на Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“, а во продолжение прочитајте го деталниот список на добитници.

Го направивме овој филм за љубовта, нежноста и почитта. Целата приказна околу филмот е за љубовта – истакнале продуцентите на „Зелена книга“, Џим Берк, Чарлс Веслер, Брајан Кари, Питер Ферели и Ник Ваљелонга.

Остварувањето „Зелена книга“ може да се пофали и со најдобро оригинално сценарио, за кое се одговорни Ник Ваљелонга, Брајан Кари и Питер Фарели, а Оскарот за споредна улога во „Зелена книга“ го подигнал Махаршал Али.

Најдобра актерка Оливија Колман, најдобар актер Рами Малек

За најдобра главна актерка прогласена е Оливија Колман за својата улога во филмот „Миленици“. „Се надевам дека моите деца го гледаат ова на ТВ, бидејќи ова нема да се случи повторно“, низ солзи се насмеала Англичанката.

Минатогодишните оскаровци за споредна улога Елисон Џени и Гари Олдман го прочитале името на најдобриот актер – Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.

„Можеби не бев очигледен избор, но изгледа дека не испадна толку лошо“, рекол Малек држејќи го Оскарот во раце.

Лејди Гага оскар за најдобра песна

„Не е поентата во победувањето, туку во тоа да не се откажете. Не е важно колку пати ќе паднете, туку колку пати ќе станете“, истакнала Лејди Гага. Лудвиг Горансон добил престижна награда за најдобра музика.

Најдобро адаптирано сценарио, најдобар краткометражен филм

Оскар за најдобро адаптирано сценарио добилe Чарли Вахтел, Дејвид Рабинович, Кевин Вилмот и Спајк Ли. Гај Натив и Џејми Реј Њуман освоиле Оскар за најдобар краткометражен филм – „Кожа“.

За најдобри визуелни ефекти позлатената статуетка ја добиле Пол Ламберт, Тристан Мајлс и Џеј Ди Швалм во остварувањето „Првиот човек на Месечината“.

Најдобри анимирани филмови и најдобар документарец

„Спајдермен: Нов свет“ е најдобриот долгометражен филм, додека Оскарот за најдобро кратко анимирано остварување завршил во рацете на Доме Ши и Беки Нејман за „Бао“. Рајка Зетабчи и Мелиса Бертон ги подогнале статуетките за најдобар краток документарец “Period. End of Sentence”.

Бројни признанија за „Боемска рапсодија“

Филмот „Боемска рапсодија“ за животот на Фреди Меркјури добил вкупно три Оскари. Најдобра монтажа на звук, најдобар актер и најдобра монтажа на филмот.

Куарон си отиде дома со три статуетки

Алфонсо Куарон за својот филм „Рома“ доби Оскар за најдобра режија, а покрај тоа мексиканскиот режисер ги подигна статуетките за најдобар странски филм, како и најдобра фотографија.

„Човек од сенка“ доби Оскар за шминка

Не било лесно да го претворите Кристијан Бејл во американскиот претседател Дик Чејн, и токму поради тоа Грег Кенон, Кејт Биско и Патрисија Дехејн добиле Оскар за шминка и фризура во остварувањето „Човек од сенка“. Со наградата за најдобар костим дома си отиде Рут Картер за својата работа на филмот „Црн Пантер“, а за најдобра сценографија оваа година се погрижиле Хана Бичлер и Џеј Харт во истото остварување.

Најдобар документарец

Рака под рака, британската дама Хелен Мирен и „хавајскиот бог“ Џејсон Момоа ја врачија стауетката за најдобар документарец на творците на филмот „Free Solo“, а првиот Оскар отишол во рацете на Реџина Кинг за остварувањето во „Шепотот на улиците“ за споредна женска улога.