Категории

Нашата позната манекенка Кристина Поптрпева, влегува во музичките води со кавер на познатиот светски хит!

Кристина Поптрпева – името кое досега сте го слушале како дел од нашата модна сцена, позната како манекенка, мисица и модел една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак, полека но сигурно влегува во музичките води.

На нејзини 12 години Кики го совладува курсот за манекени и од тогаш почнува да го живее модниот свет… Сме ја гледале на многу бројни ревии, реклами, каталози, билборди, во многубројните музички спотови и избори на убавина во Македонија и надвор од неа. Од изборите за убавина би ги издвоиле: MISS GLOBE 2016 во Албанија- титула Мис Талент во конкуренција од 50 девојки со изведба на песната Writings on the wall – Sam Smith и MISS ELEGANT UNIVERSE 2018 во Либан– титула Мис Европа.

Покрај нејзината природна убавина и атрактивен изглед, Кристина реши да го додаде и нејзиниот талент за музика, кој како пакет се надеваме ќе ви се допадне.

Кристина ја сними својата прва кавер верзија од песната на DAVID GUETTA, BEBE REXHA & J BALVIN – SAY MY NAME. Видеото го изработи нашиот фотограф Тоше Јанев – Јанус.

Во прилог линкот од видеото. Се надеваме ќе ви се допадне нејзиното првенче.

Следно од Кристина ќе биде и снимањето на нејзиниот прв соло сингл.

Кавер верзијата беше промовирана на нејзиниот настап заедно со нејзиниот соработник познатиот радиоводител, дј и продуцент Ерик Фокс, во скопскиот клуб Иридиум 77, каде сите љубители на нивните настапи имаа можност да уживаат.


Веднаш по настапот Кристина полета за Бејрут, Либан каде ќе ја претставува Македонија на изборот MISS EUROPE 2019, кој се одржува од 20. февруари до 10. март, додека финалето е на 8. март.

И посакуваме на Кристина успешна музичка кариера и уште едно успешно претставување на нашата земја!

Прегледи:
2078
Објавено на:
25.02.2019