Категории

Излезе новата колекција за есен/зима 2019 на Диор. Погледнете што ќе се носи! (ФОТО)

На Неделата за мода во Париз е прикажана и новата колекција за сезоната есен/зима 2019, која ја потпишува модната куќа Диор.

Колекцијата која ги воодушеви сите посетители е фокусирана претежно на карираниот дезен и класичните кроеви, како и аксесоарите од некои минати времиња кои се враќаат на голема врата, како полуцилиндерот, кој го носеа сите манекенки на ревијата.

Освен комплетите на класични кроеви, имавме можност да видиме и женствени креации, како здолништа со тул и светкави детали, како и фустани со длабок шлиц.

Прегледи:
930
Објавено на:
05.03.2019