Категории

На денот на жената ги споделуваме најубавите мисли кои ја опишуваат!

Жената е секојдневна инспирација во светот околу нас. За неа се напишани најубавите песни, водени се најголемите битки… На денот на жената издвојуваме некои од најубавите мисли напишани за неа.

“Што е подобро од мудроста? Жената. А што е подобро од добра жена? Ништо“ – Џефри Чосер

“Слабост , името ти е жена“ – Вилијам Шекспир.

“Со жена се расправа срцето, не умот“ – Метју Арнолд

“Таа. Тое е прво лице еднина. Тоа е заменка што ништо не може да ја замени“ – Ѓорѓе Балашевиќ

“Убавината на жената е во нејзините очи оти тие се врата на нејзиното срце, место каде љубовта живее“ – Одри Хепберн

“Кога очите на жената се замаглени од солзи, тогаш мажот е тој што не гледа јасно“ – Мишел Торниер

“Жена е некој кој вриска кога ќе види глушец, а со насмевка гледа во волк“ – Шиам Капур

“Во љубовта, како и во војната,правото секогаш е на страната на посилниот. И затоа жената која ја сакаме секогаш ќе биде во право“ – Алфред де Мусет

“Жената треба да биде две работи – отмена и прекрасна“ – Коко Шанел

“Жената настанала од машкото ребро, а не од неговите стопала за да се гази по неа… Не од неговата глава за да се владее со неа, туку од колкот за да му биде еднаква… Под рацете за да биде заштитена и покрај срцето за да биде сакана“ – Талмуд


“Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а често пати и во исто време“ – Жан Баптист Молиер

“Среќни девојки се оние најубавите“ – Одри Хепберн

“Силата на жената произлегува од факт што ни психологијата не може да го објасни. Мажите може да се анализираат, а жените…само да се обожаваат“ – Оскар Вајлд

“Не ми пречи што живеам во машки свет се’ додека во него можам да бидам жена“ – Мерлин Монро

“Жената стои, како капија, на излезот и на влезот во овој свет“ – Иво Андриќ

“За мажи без жени нема не постои рај ниту на небото ниту на земјата. Без жените не би имало Сонце, Месечина, земјоделство, ниту оган“ – арапска проговорка

“Женската посветеност е нивна најголема убавина“ – африканска поговорка

“Ако ве победува жена во тенис, сменете го спортот. Ако ве победува во бокс, сменете ја жената“ – Мохамед Али