Драга Н,
Да се биде твоја мајка е најубавото нешто кое ми се случило, но кое исто така ме исполни со одговорност за сѐ она што сакам да го знаеш за светот. Иако имаш само седум години, еден ден ќе бидеш жена и како твоја мајка имам толку соништа и надежи за животот кој ќе го живееш. Прво и најважно, знај дека не припаѓаш никому. Никогаш немој да дозволиш да се чувствуваш поинаку. Ти и само ти – сама се грижиш за себе и своето тело.
Прави го она што те прави среќна, среќата и способноста секојдневно да пронаоѓаш радост е една од најважните работи во животот. Создавај пријателства и одржувај ги – пријателствата се важни, не само во детството и младоста туку низ целиот живот. Биди горда што си девојче, девојка и жена. Жените се неверојатни. Може да бидеш жена и да бидеш на врвот на светот ако тоа е твојот сон, како што мажот може да избере да остане дома и да ги одгледува децата секој ден. Прави го она што те движи.
Наоѓај ја среќата во малите нешта. Не земај сѐ здраво за готово – односите, здравјето, успехот. Работи на нив и тие ќе процветаат. Направи разлика во светот, труди се да го оставиш во подобра состојба од претходно – без разлика дали тоа значи да израснеш во здрава и среќна личност, да се грижиш за својот двор или пак да се бориш за нешто во кое веруваш.
Уживај во модата – таа е забавна, несериозна и фантастична. Но, никогаш немој да дозволиш некој да говори дека етикетите те одредуваат. Ниту оние кои се зашиени на твојата облека ниту пак оние кои ќе сакаат луѓето да ти ги препишат. Немој да дозволиш негативните луѓе и нивната негативна енергија да те истрошат. Биди поголема од ситничарењето. Простувај им на своите непријатели – ништо нема да ги изнервира повеќе од тоа. Не мора да ги почитуваш и сакаш, но простувањето секогаш ќе те ослободи.
Верувај во чуда – мали и големи
Биди љубезна. Љубезноста секогааш ќе создава љубезност. Се надевам дека ќе се омажиш за некој кој те смее – секој ден. Исто така, немој да дозволиш некому да ти диктира во кого или кога ќе се заљубиш. Кога ќе ја пронајдеш вистинската личност ќе знаеш дека е вистинска. Плачи колку што сакаш, плачењето не те прави слаба. Немој да се грижиш ако понекогаш како жена се чувствуваш потценето. Тоа не е твоја грешка, тоа е нивна грешка. Прави го она што најдобро го знаеш и уживај во погледите на нивните лица кога ќе сфатат дека си многу повеќе од она што мислеле дека си.
Труди се да успееш, но никогаш немој да се чувствуваш неуспешно бидејќи си се откажала од нешто што едноставно не функционирало – без разлика дали станува збор за однос, работа, проект или маратон. Тоа не значи дека си личност која лесно се откажува – тоа значи дека длабоко во себе знаеш дека си дала сѐ и тоа е сѐ што можеш да направиш.
Во светот опседнат со Кардашијан и Џенер – се надевам дека ќе бидеш Хепберн. Убавината е она што ти сакаш да биде, немој да се грижиш за она што другите велат дека е. И Иако очигледно мислам дека си најубавото суштество кое некогаш постоело, се надевам дека сама ќе сфатиш што е навистина важно во животот. Бидејќи си најубавото и најневеројатното искуство во мојот живот, се надевам дека еден ден и сама ќе ја искусиш истите среќа/фрустрација/љубов/лудост и умор кои ги носат децата. Сѐ ова е вредно за тоа. Како твоја мајка и жена, се надевам дека ќе ја извршам мојата работа како што треба кога ќе пораснеш. Се надевам дека ќе те воспитам во сочувствителна жена, полна со самодоверба, интелигенција и милост. Бидејќи на светот му требаат повеќе такви жени.
Твојата мајка!