Постојат неколку методи на контрацепција кои ги штитат жените од несакана бременост. Најновото откритие на ова поле се обетки кои наскоро ќе се појават на пазарот.
Научниците од Технолошкиот институт Georgia во САД создале ново контрацептивно средство. Се работи за обетки со импрегирани синтетички хормони. Тие навлегуваат во телото преку ушната школка и го намалуваат ризикот од несакана бременост. Креаторите на овој изум сметаат дека обетките се најдобра алтернатива на пилулите за контрола на раѓање кои жените често забораваат да ги испијат и на тој начин го зголемуваат ризикот од несакана бременост. Контрацептивните обетки веќе се тестирани од група на волонтери. Експериментот покажал многу добри резултати.
Обетките се убави и воедно многу практични. Тие се препознаени како едно од најуспешните и најиновативни откритија кога станува збор за контрацептивните средства и наскоро оваа новина ќе се појави на пазарот.