Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2. МАЈ 2019 ГОДИНА

Ракот го очекуваат проблеми, Лавот среќата ја наоѓа во љубовта, Девицата е максимално успешна, Рибите ги очекуваат проблеми со очите.

ОВЕН

Може да очекувате период во кој ќе успеете да дојдете до важни решенија на полето на работата. Време е да се соочите со околностите кои на некој начин ве оптеретуваат. Сѐ укажува на раскинување на врската. Психички сте напнати.

БИК

Имате добри идеи кои може наскоро да ги спроведете на дело, а со тоа и да остварите подобрување на деловно поле. Многу сте харизматични и лесно влегувате во флерт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со позитивна енергија.

БЛИЗНАЦИ

Тежнеете кон напредок на работното место и потребно ви е уште малку време за да успеете во тоа. Саканата личност ви покажува дека сака да направите чекор понатаму во вашиот однос. Не се чувствувате добро.

РАК

На површина излегуваат проблемитее кои во минатото некако ги занемарувавте или ги буткавте под тепих. Саканата личност ви е посветена и убаво се чувствувате кога сте заедно. Пред вас е поволен ден. Водете сметка за хормоните.

ЛАВ

Ве очекува добар ден на работно поле. Пред вас е можност да најдете работа која ви одговара повеќе од претходната. Сѐ она што ви е потребно ќе успеете да го најдете на љубовно поле. Водете сметка за исхраната.

ДЕВИЦА

Оставате добар впечаток на разговорот за работа. Може да очекувате унапредување на кариерата. Максимално сте опуштени и убаво се чувствувате кога сте покрај личноста која ја сакате. Уживате кога сте заедно. Склони сте кон алергии.

ВАГА

Ве очекува можност да дојдете до остварување на еден делоен договор за кој размислувате долг период. Во текот на овој ден ве очекуваат убави моменти со личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на исхраната, склони сте кон дебелеење.

ШКОРПИЈА

Можеби денес ќе се одморите од напорните работни обврски кои ги имавте и ќе ви одговара да се посветите на други нешта. Многу сте емотивни и нежни. Уживате во романтични моменти. Низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден ако се занимавате со работа која бара оригиналност, креативност. Очекувајте контакт со личноста која ја сакате. Може да се надевате на позитивен пресврт на ова поле. Потребен ви е сон.

ЈАРЕЦ

Ќе добиете можност да напредувате во склад со вашата професија и очекувања. Може да очекувате дека саканата личност ќе биде тука за вас и во добрите и лошите моменти од животот. Немате проблеми со здравјето.

ВОДОЛИЈА

Иако сте правеле некои грешки на работа, среќата ве прати така што на некој начин сте спасени од последици. Ова е неповолен ден за вас кога станува збор за љубовта. Со саканата личност имате однос на дистанца. Проблеми со кожата.

РИБИ

Може да очекувате позитивни промени на работно поле кои ќе ги остварите преку разни патувања. Личноста со која поминувате време, вашиот партнер, можеби сака нешто повеќе. Можни се проблеми со очите.