Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (13.05-19.05)

Каква недела ги очекува хороскопските знаци? За кого оваа недела ќе биде релаксирана и позитивна, а кој ќе биде под постојан стрес соочувајќи се со многу проблеми? 

  • Овен

Пред вас е малку бавен период во кој на деловен план нема да имате некои многу важни настани и промени. На полето на љубовта ве очекуваат убави настани со личноста која ја сакате и која ви е посветена. Кога се работи за здравјето, можно е да имате некои потешкотии со уринарниот или репродуктивниот систем.

  • Бик

Ве очекува променлива состојба на полето на работа. Ќе имате малку здодевен љубовен период без поголеми промени. Важно е да внесувате доволно витамини, минерали, да спиете доволно- бидејќи можно е да ви се намали имунитетот.

  • Близнаци

Може да очекувате поволен период за годишен одмор. Работата се намалува или па од вас не се бара преголемо вложување. Брзо и лесно се појавува нова љубов во вашиот живот. Здравјето ви е одлично. Наредниот период ќе биде одличен за вас, па можете да очекувате да разрешите и некои проблеми од минатото.

  • Рак

Можеби се чувствувате забавено, ви недостасува добра организација и не ви е лесно да се посветите на работата. На љубовен план сакате само сигурност. Што се однесува до здравствената состојба- можеби ќе имате проблем со дигестивниот систем. Посветете повеќе внимание на исхраната и внесот на течности.

  • Лав

На деловен план ве очекуваат обиди за некои разговори и преговори, но воопшто нема да ви биде лесно тоа да го изреализирате. Ќе бидете заинтригирани од новото љубовно познанство. На полето на здравје може да имате одредени помали проблеми со нервниот систем или зглобовите, па погрижете се за тоа. Внимавајте и на проблемите со алергија.

  • Девица

Ве очекува период во кој ќе бидете финансиски задоволни. Работата е во стабилна насока. На полето на љубовта ве очекува позитивна фаза и во овој период можете да го разјасните односот со партнерот. Кога се работи за здравјето, можете да очекувате добро здравје.

  • Вага

Во текот на неделата нема да ви биде воопшто лесно да ги решите проблемите на работа. Што се однесува на љубовта, имате чувство како партнерот да не ви посветува доволно внимание. Можно е да имате почести главоболки, несоница, нервоза, чувство на замор, низок притисок и малаксаност. Овој период не е многу поволен за вас.

  • Скорпија

Обврските на работа може ќе ги решавате малку забавено, а и не можете лесно да ги реализирате плановите. Кога се работи за љубовта, ве очекува платонска врска или врска на далечина. Здравјето ви е добро, но може да бидете малку повеќе чувствителни.

  • Стрелец

Мислевте дека нема да биде лесно, но некои цели сепак успеавте да ги достигнете. На полето на љубовта ве очекува хармонија и добро согласување со саканата личност. Со здравјето немате проблеми. Напротив, треба да се чувствувате добро, убаво расположени, среќни и да ширите позитивна енергија околу.

  • Јарец

Пред вас е период во кој ќе имате некои компликации на работа и промени на кои нема да можете да влијаете. Погрижете се за саканата личност, посветете и повеќе внимание бидејќи вашиот однос почнува да се „лади“. На полето на здравјето ќе имате хронични проблеми со половината и грбот, болки во вратот, намалена подвижност и слично. Дефинитивно потребна ви е масажа.

  • Водолија

На работа нема да имате многу стрес оваа недела, ќе ви биде порелаксирано, без многу обврски. Ве очекува некоја љубовна авантура. Здравјето ви е одлично. На повидок нема нови проблеми. Само обидете се да ги решите старите, со помош на лекар, секако.

  • Риби

Пред вас е период во кој ќе бидете загрижени за финансиите, можеби ќе имате потреба и да побарате пари на заем. На полето на љубовта ве очекува период во кој ќе има тензија помеѓу вас и вашиот партнер. Можни се и чести здравствени проблеми. Важно е да одите на редовни контроли и да ја земате препишаната терапија.