Категории

Нордиско русата боја на коса е во тренд! (ФОТО)

Без разлика на трендовите за боја на коса, русокосите се секогаш во мода. Оваа боја на коса има широка лепеза на нијанси- од платинесто руса до таа која се граничи со светло смеѓа боја. Според тоа, трендовите на русата коса се менуваат само во нијансите.

Последните години доминира „балејаж“ техниката, во која акцентот е на природниот изглед, а се однесува на нијанисирање на бојата од потемното теме до свелите врвови.

Но, овој пат во тренд е нешто сосема поинакво од „балејаж“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAIRLIKEaBOSS For MA FL NYC (@hairlikeaboss) on


Новата хит боја за коса е норидиска руса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAIRLIKEaBOSS For MA FL NYC (@hairlikeaboss) on


Иако овој збор одма асоцира на платинесто руса коса, овој тренд е чекор подалеку и ни носи нешто сосема поинакво. Се работи за боја која е речиси бела.

Се поголем е бројот на девојки кои се одлучуваат за оваа боја. Но, пред да се одлучите да го испробате овој тренд, мора да имате на ум дека се препорачува само на жените со светла коса. Важно е да обрнете внимание и на квалитетот на косата заради процесот на избелување. Освен тоа, за да ја добиете оваа нијанса, мора да бидете подготвени да поминете неколку часа на фризер.

Прегледи:
899
Објавено на:
19.05.2019