Храната богата со витамин Ц, како цитрусното овошје и зеленчукот, го лечи нашиот организам одвнатре. Но, нашите крвни садови ги снабдуваат само подлабоките слоеви на кожата со овој важен витамин, па затоа особено е важно да го нанесуваме на кожата и однадвор.
Тоа значи дека површинските делови на кожата бараат дополнителна заштита и нега со витаминот Ц – во облик на маски, креми, серуми. Нашата кожа природно е во благо-кисела состојба, па поради тоа за оптимално здравје и еластичност потребни и се производи со пониска pH вредност, како витамин Ц.
Уморната кожа, сува и без сјај, која не е еластична секако дека не е пожелна и многу жени бараат начин да го вратат природниот сјај на кожата. Тука настапува витаминот Ц. Тој е силен антиоксиданс кој се користи за создавање на сјајна и млада кожа кога се нанесува на кожата во облик на маска. Токму затоа, Студиото за убавина – La Sensa создадоа совршена и природна маска соодветна за сите типови на кожа која го враќа сјајот и ги брише годините од вашето лице.
При подготовка на витаминската маска во La Sensa се користи исклучиво свежо овошје и чист витамин Ц. Овошјето се става во апаратот за создавање на витаминската маска, се цеди и се прави хомогена смеса од овошјето во вид на маска и веднаш се нанесува на лицето. За создавање на витаминската маска може да се користи цитрон, портокал, праска, ананас или пак киви, лимон, авокадо.
Откако ќе имате можност да уживате во витаминската маска направена специјално за вас во La Sensa, веднаш ќе ги забележите првите резултати на вашата кожа.
Ги намалува оштетувањата на кожата: Витаминот Ц како силен антиоксиданс се бори во борбата со слободните радикали кои предизвикуваат оштетување во нашите клетки.
Ја штити кожата од стареење: Ги обновува ткивата на кожата и го поттикнува нивниот раст. Ги намалува брчките и оштетувањата на кожата кои настануваат како резултат на преголемо изложување на сонце.
Ја намалува хиперпигментацијата: Ги ублажува дамките на лицето и спречува појава на нови.
Има подмладувачки ефект: Ц витаминот придонесува при создавањето на колаген, кој ја враќа еластичноста на лицето, убавината и младелашкиот изглед.
Заборавете на сите скапи третмани со користење на најразлични хемикалии и вештачки супстанци, закажете го вашиот термин во Студиото за убавина – La Sensa и вратете го сјајот на вашето лице на потполно природен и ефикасен начин!