Категории

Освежително смути кое го решава проблемот со надуеност и бавен метаболизам

Надуеноста на стомакот е чест проблем со кој се соочуваат многумина. Исто и бавниот метаболизам е причина за загриженост кај луѓето.

Постојат многу препарати кои помагаат во намалување на надуеноста и забрзување на метаболизмот. Но, со ова смути освен што ќе го решите проблемот, ќе уживате во прекрасниот освежителен вкус и помошта ќе ја добиете само од природата, без никакви хемиски додатоци.

Потребни состојки:

  • 1 чаша чај од камилица (оставете го прво да се олади)
  • 1 чаша јагоди
  • 1 чаша парчиња ананас
  • јогурт со пробиотички бактерии
  • 1 лажичка мед
  • 1 чаша коцки лед

Подготовка:

  • Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Прегледи:
602
Објавено на:
23.05.2019