Категории

Научниците создадоа пиво старо 5 000 години

И во далечното минато квасецот се користел за правење на пиво. Израелските научници пронашле квасец во глинени садови стари околу 5 000 години и го искористиле за да го направат древното пиво.

Научниците од неколку универзитети ги проучувале примероците на квасец од пукнатините на пронајдените глинени садови и успеале да направат пиво.
Археолозите им дале садови кои биле користени за пиво и медовина и на изненадување на сите, квасецот во нив преживеал и можел успешно да се искористи.
Истражувачите го секвенцирале генетичкиот код на секој примерок од квасецот и го предале на анализа.
Анализата открила дека културите на квасец стари 5000 години се слични на квасецот во модерното пиво и тој кој се користи во традиционалните африкански пијалоци, како што е етиопската медовина.


Израелските експерти за пиво им помогнале на научниците да создадат пиво кое било пофалено од меѓународните дегустатори.
Истражувачите истакнуваат дека тоа е прв проект од таков вид и за прв пат со успех е создаден древен алкохолен пијалок од древен квасец, односно со други зборови од оригиналните супстанци од кои алкохолот е правен, а тоа никогаш претходно не се случило.
Благодарение на ова е откриен вкусот на древните пијалоци.

Пивото било вообичаен пијалок за луѓето кои живееле во древниот Египет и Месопотамија.
Во раните египетски текстови се алудира на разни врсти, вклучувајќи „пиво од грозје“, „пријателско пиво“ и „пиво на заштитниците“.

Прегледи:
602
Објавено на:
24.05.2019