По измислувањето на краватата, мажите се соочуваат со проблеми поврзани со нејзиното врзување кое треба да биде совршено за да остави впечаток. Краватата е аксесоар кој нагласува дека сте деловен, успешен и сериозен човек, па затоа е неопходен дел во гардеробрерот на секој маж.
Врзувањето на краватата знае да биде прилично „пеколна“ работа и многу мажи не умеат тоа да го направат. Има различни начини на кои може да се врзе краватата, но тие кои се покомплицирани помагаат да се остави подобар визуелен печаток. Секако, покомплицираните се и потешки за креирање.
Затоа компанијата „Modern Tie“ создала фанстастичен концепт кој овозможува за само неколку секунди да ја наместите краватата и да ја креирате по желба. Кај овој концепт, јазолот на краватата е креиран така што се одвојува од самата кравата, па корисникот прво избира каков јазол сака, а потоа само го закачува на краватата.
Овој пристап кон краватите им овозможува на мажите да ги засакаат, но и да креираат нови елементи во нивниот стил.
Погледнете го видео клипот каде што се претставени краватите од „Modern Tie“.