Категории

Ако е ИН не значи дека е убаво: 5 модни трендови кои треба да ги прескокнете!

Фармерките се едноставен, класичен дел од гардеробата кој е секогаш во мода и погоден е за секоја пригода во секој момент. Меѓутоа, има голема разлика во моделите на фармерки. Некои го истакнуваат телото, без разлика дали станува збор за широки или тесни модели, додека други… најпросто кажано не збунуваат.

Ова се најголемите модни промашувања кога станува збор за фармерките:

Џентис (Janties) 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SSENSE (@ssense) on

Фармерките во форма на гаќи изгледаат како некоја невкусна шега. Претставени се за прв пат на модна ревија во склоп на колекцијата за пролет 2019. година и нивната моментална цена е неверојатни 277 евра.

Новинар од магазинот „Вог“ му се обратил на гинеколог за да дознае дали овој долен веш е безбеден да се носи. Гинекологот Ребека Бригман од Њујорк, во интервјуто споменала дека концептот на фармерки како долен веш е интересен, но не и безбеден. Затоа, советувала да се носи барем танга под овој моден хит.

Кога не може да се одлучите кој модел повеќе ви се допаѓа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KSENIASCHNAIDER (@kseniaschnaider) on


Модната дизајнерка Ксенија Шнајдер на својот инстаграм профил крајот на јануари ја сподели со светот својата интерпретација на фармерки за секоја пригода. Едната ногавица е тесна и идеален стил на фармерки за излегување на кафе со пријателите, додека другата е широка ногавица за во диско. За да изгледате чудно во овој модел треба да платите 332 евра.

Превртени фармерки

Филмот „Враќање во иднината 2“ е можеби главниот виновник за овој дизајн. Штом се појави овој модел на модната писта, сите побрзаа да го прогласат за тренд кој младите ќе го обожуваат. Сепак малку избрзаа.

Фармерки со наметка

Никој не е точно сигурен која е целната публика на овие фармерки кои се најевтини на листата и ваши се за 112 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scott Schuman (@thesartorialist) on


Фармерки со отвор

Прв пат се претставени пред светот на Модната недела во Париз. Овој модел е само за оние кои имаат тетоважа на непрактично место и сакаат да се пофалат, но не се отпишани ни оние кои сакаат да ги покажат мускулите на стомакот.

Прегледи:
520
Објавено на:
02.07.2019