„Star Wars Disney“ компанијата ја претстави новата колекција на мебел инспирирана од светската сага.
Војна на ѕвездите е серијал на научно-фантастични филмови на американскиотрежисер, продуцент и сценарист Џорџ Лукас. Серијалот е своевидна бајка која ја обработува темата на вечната борба меѓу доброто и злото, сместена во средината на вселенското пространство и е алегорична визија за човечката историја и сегашност.
Филипинскиот дизајнер, Кевин Кобонпу, се здружил со компанијата „Дизни“ и креирале неверојатни парчиња мебел кој ќе ги воодушеви сите фанови на „Star Wars“.
Во оваа колекција се наоѓаат ламби, столици, софи и уште многу други работи кои ќе им помогнат на фановите да го уредат енетериерот и да внесат енергија која ќе ги импресионира сите.
Станува збор за луксузен мебел, па најефтината столица е со цена од 655 долари, додека најскапите парчиња мебел достигнуваат цени и до 4 000 долари.