Категории

Се враќа уште еден стар тренд: Фармерките со низок струк се повторно во мода!

По неколку сезони во кои се носеа панталони и фармерки со висок струк, кои одлично и прилегаа на женската силуета, изгледа дека се врааќаат во мода фармерките со низок струк. Кое е вашето мислење за нив?

Истражувањата поврзани со интересите за пребарувањата на „Гугл“ покажуваат дека зборот „џинс“ најмногу се појавува кога станува збор за светот на модата. Во просек, на секои 13 секунди некој на планетава кој има пристап до интернет пребарува нешто поврзано со фармерки, а модните сајтови бележат повеќе од 60 мииони пребарувања на оваа тема, во текот на изминатите 12 месеци.

Но, она што е изненадувачко е фактот дека во последните неколку месеци сѐ повеќе се пребаруваат фармерките со низок струк.

А сите знаеме што значи тоа: прашање на време е кога удобните, женствени модели со висок струк ќе ги заменат они со кои не можете да се наведнете доколку нешто ви испадне, а да не ризикувате да ви се покаже задникот.

Прегледи:
780
Објавено на:
25.07.2019