Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22. АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Овенот има проблеми со притисокот, Бикот пати од хроничен замор, Лавот од главоболка, Девицата е нервозна.

ОВЕН

Тешко ви е да се организирате денес бидејќи имате недостаток на концентрација. Потребно е да ја подобрите комуникацијата со партнерот ако сакате да го одржите бракот. Варирањето на крвниот притисок ви создава здравствени проблеми.

БИК

Ќе направите сѐ што можете за да ги решите проблемите кои ги имате на деловно поле. Опуштете се покрај саканата личност. Пред вас е период во кој на емотивен план нема да имате тегоби и проблеми. Минлив замор.

БЛИЗНАЦИ
Ве очекуваат помали компликации кои ќе бидат предизвикани од ненамерни недоразбирања. Доколку флертувате со некого, денешниот ден е поволен да одите чекор напред и вашиот однос да стане поконкретен. Можни се проблеми со синусите.
РАК
Нема да дојде до напредување на деловно поле поради некои непредвидени околности. Ве очекуваат проблеми во емотивната врска. Можеби односот со партнерот преминува во рутина. Поволен период за одмор.

ЛАВ

Пред вас е поволен ден во кој сѐ ќе оди според планот. Не би требало да се грижите за ништо. Можеби сте незадоволни со околностите во кои се наоѓате. Личноста која ви се допаѓа си оди. Главоболка.

ДЕВИЦА

Имате впечаток дека ситуацијата на деловно поле е комплицирана и некои проблеми нема да успеете да ги решите. Тешко ви е да ги покажете своите емоции бидејќи се плашите. Можна е несоница и нервоза.

ВАГА

Ве очекува одличен ден во кој ќе успеете да остварите нови деловни контакти и соработки. Доколку сте слободни пред вас е поволен период. Може да се надевате на позитивни пресврти. Одлично се чувствувате!

ШКОРПИЈА

Максимално сте посветени на работата. Имате тесни рокови во кои сакате да завршите што повеќе работа. Може да се надевате на многу добри односи со емотивниот партнер. Помали проблеми со стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Доколку успеете да излезете на крај со незадоволните клиенти, ќе успеете да решите голем проблем. Владее тензија помеѓу вас и саканата личност. Можеби и вие за некои работи немате разбирање. Проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате позитивни промени на деловно поле. Се чувствувате убаво и сигурно кога сте со партнерот. Покрај него се одморате од сите стресови. Немате никакви проблеми.

ВОДОЛИЈА

Моментално сте повеќе посветени на приватните проблеми отколку на работата и тоа е сосема во ред. Кога ќе ги погледнете својот партнер задоволни сте бидејќи верувате дека имате фер однос и се потпирате еден на друг. Можна е омалаксаност.

РИБИ

Имате многу позитивна енергија во себе и добро се чувствувате. Подготвени сте да ги извршите сите обврски. Ви се допаѓа личност која ве гледа како пријател бидејќи не знае дека гаите симпатии кон неа. Имате вишок на енергија.