Денес Ким Кардашијан Вест на својот инстаграм профил го сподели нејзиниот нов бренд – SKIMS SOLUTIONWEAR.
Парчиња облека кои го обликуваат телото, изработени од врвни материјали, за секој облик на тело и секој тен. Како што пишува во најавата, тоа се парчиња облека кои ќе истакнат, измазнат, поткренат или обликуваат вашето тело, во зависност што ви е потребно.
Ким во објавата вели дека инспирацијата ја црпи од своите фанови и дека е среќна што создала бренд кој ќе допре во буквална смисла до кожата на жените, истакнувајќи ги нивните најдобри делови.
Едно е сигурно, ова ќе биде уште еден мултимилионски проект на Ким.